Првиот човек на Фондот за здравствено осигурување, Маја Парнарџиева-Змејкова денеска изјави дека од јануари в година, Здравствените легитимации заминуваат во историјата.
„Ќе се воведе електронски здравствен картон и електронски дневник. Со тоа повеќе нема да се води тројна евиденција и да се губи време на администрација, туку целата евиденција ќе биде електронска. На овој начин лекарите ќе имаат повеќе време да им посветат на пациентите и на медицината“, објасни првиот човек на Фондот за здравствено осигурување.
Досега се издадени 930.000 е-картички, а во обработка се уште 300.000, појасни директорката.
„Секојдневно се испорачуваат по околу 40.000 картички и до крајот на годинава се очекува да бидат издадени над 80 отсто од нив“, вели Парнарџиева-Змејкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.