| четврток, 6 декември 2018 |

Цеца: Жалам што не завршив факултет

Единствената работа за која жали Цеца е тоа што нема седми степен на образование.

Српската пејачка Светлана Ражњатовиќ за порталот „Блиц“ рече дека постојат некои работи за кои жали во животот.

– Годината што помина беше одлична, повеќе од успешна. Имав феноменален концерт, одличен албум, снимив два видеоспота, а подготвувам и трет. Презадоволна сум – рече Цеца.

На прашањето дали жали за нешто во животот, таа одговори дека ѝ е криво што не завршила факултет.

– Во шоу-бизнисот влегов многу млада и паралелно со пеењето завршив средно образование, но не и факултет. Често и моите родители ми велат дека сѐ е тоа супер, но можев да завршам и факултет. Се согласувам и ги советувам сите млади пејачи да не го напуштаат училиштето. Тоа не може да им пречи во кариерата – додаде Цеца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top