Украинскиот Парламент доби краен рок до среда да го усвои законот, со кој ќе биде ослободена затворената поранешна премиерка Јулија Тимошенко, изјави портпаролката на украинската опозиција Олха Лапо. Европските пратеници нагласија дека Киев треба до среда да го усвои овој закон доколку сака да го потпише важниот договор за интеграција во ЕУ.
Пратениците на ЕУ, поранешниот полски претседател Александар Квашневски и поранешниот претседател на Европскиот парламент Пат Кокс, побарале од украинските пратеници до среда да го усвојат законот, со кој на Тимошенко ќе и се овозможи да замине на лекување во Германија.
Тимошенко отслужува затворска казна од седум години за злоупотреба на службената должност. Според Западот пресудата е политички мотивирана. Претседателот на Укарина Виктор Јанукович и неговите сојузници досега одбиваа да ја ослободат Тимошенки и покрај инсистирањата на Западот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Дојави за бомби во Киев: Затворени пет метро-станици
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Хаос во Киев: Демонстрантите се судриле со полицијата, уапсени 100 луѓе, најмалку 10 повредени


