
Атланта Хоукс ноќеска го доживеа третиот пораз сезонава од екипата на Денвер со 109-107. Резултатската неизвесност траеше во текот на целиот меч, а победникот се решаваше буквално во последните секунди од натпреварот.
Нашиот Перо Антиќ одигра рекордни 20 минути, а за тоа време реализираше 7 поени, од кои две тројки во три обиди. Од линијата за слободни фрлања имаше половичен учинок од едно погодено во два обиди.
За времето што го помина на паркетот реализираше и четири скока, една асистенција и две блокади.
Најдобар кај Јастребите беше Пол Милсап кој повторно имаше дабл-дабл учинок со 29 поени и 10 скока. Сепак, Милсап во самиот финиш на натпреварот при резултат 108-106 за Денвер погоди само едно од двете слободни фрлања и испушти можност за израмнување.
Ова е прва победа на Денвер сезонава по трите стартски порази.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


