Боби Кристина Браун, ќерката на музичката легенда Витни Хјустон, неодамна го изненади своето семејство кога објави дека се верила за нејзиниот посвоен брат, а сега наводно и се омажила за него.
Имено, Витни го зеде како штитеник Ник Гордон кога тој имал имал 12 години, а тој одсекогаш бил поврзан со Боби. Љубовта меѓу овие двајца се родила по смртта на популарната пејачка, па во јавноста како пар се појавија пред нешто повеќе од една година.
Американските медиуми пренесуваат дека наводно Кристина и Ник Гордон тајно се венчале, откако Кристина на „Твитер“ го нарекла Ник „маженцето“.
Ник и Боби пораснаа заедно како брат и сестра и иако Витни не го посвои легално, таа го порасна како сопствено дете. Токму
затоа нивниот однос подигна многу прашина и предизвика контроверзи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Досега невидени снимки од животот на Витни Хјустон: Се снима филм за починатата пејачка
-
И Витни Хјустон не била невина – го изневерувала сопругот со кого ќе стигнела
-
Објавени се резултатите од обдукцијата на Боби Кристина Браун
-
Откриена тајната на смртта на Боби Кристина: брутално претепана и оставена да вреска