| четврток, 6 декември 2018 |

Металург со свој хокеј тим

Со поддршка на Агенцијата за млади и спорт преку матичната Хокеарска Федерација, Македонија преку хокеарскиот клуб Металург добива свој претставник во регионалното натпреварување во хокеј

Македонија добива хокеарски тим

Хокеј клубот Металург од Скопје ќе биде првиот учесник од Македонија кој ќе се натпреварува во регионалната лига БАХЛ (Balkan Hokey League) која е составена со екипи од Бугарија, Грција и Македонија (со најава за учество и на други екипи од Југоисточна Европа).
Екипата на ХК Металург е составена со натпреварувачи од Македонија, Турција, Грција, Словенија и Америка ( еден натпреварувач од Турција, еден од САД, два од Словенија и осум од Македонија). Во меѓувреме се врши скаутинг на хокеари со македонско потекло кои се натпреваруваат во младинските категории во Чешка, Шведска, Канада и САД.
Првиот натпревар кој ќе го одигра ХК Металург против Ледени Ѓаволи вечерва во Софија. Наредните натпревари ќе бидат ХК Динамо Софија и ХК Дњепар Софија.
Првите домашни натпревари ХК Металург ќе ги одигра на 14-ти и 15-ти декември на Спортскиот Центар „Борис Трајковски”.
Воедно ова е прв меѓународен натпревар на македонски хокеарски клуб после неколку децении.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top