| четврток, 6 декември 2018 |

Златко Калеников останува претседател на ССК

Златко Калеников останува претседател на Сојузот на стопанските комори (ССК) уште седум месеци. Вака одлучи Управниот одбор на Комората на денешното редовно Собрание, со образложение дека статутот треба да се редефинира.

Како што изјави Калеников по Собранието, Сојузот на стопанските комори одамна го надминал статутот зашто е значително зголемен во обем, од три комори на почетокот сега го сочинуваат вкупно осум со најмалку по пет групации.

– И останатите двајца кандидати за претседател Венко Глигоров и Сеат Кочан ја поддржаа мојата одлука во функција на Комората, да останам претседател до промената на Статутот. Следното Собрание е закажано за јуни идната година, рече Калеников кој, како што нагласи, нема да се кандидира на следниот избор за прв човек на ССК.

На денешното редовно Годишно собрание бизнисмените членки на ССК ги разгледаа резултатите од досегашното работење и предвидените активности за следниот период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top