| четврток, 6 декември 2018 |

Комисијата за избор на фудбалски селектор е комплетирана

Фудбалската федерација на Македонија на својата денешна седница на Управниот одбор, одреди комисија за избор на селектор на А-репрезентацијата. Во неа се претседателот Илчо Ѓорѓиоски, потпретседателот Муамед Сејдини, членот на УО, Серафим Димовски, како и спортскиот директор Петар Милошевски

Формирана комисија за избор на фудбалски селектор

 

Во наредниот период, комисијата ќе треба да ги одреди критериумите за избор на нов селектор на македонската фудбалска репрезентација, а потоа и да отпочне активности за избор на најдобриот кандидат.

На седницата се расправало и за повеќе други теми за кои беа донесени одлуки. Назначени се координатори на Третите лиги од редот на членовите на Управниот одбор, беше формирана комисија за следење на состојбата во општинските фудбалски сојузи.

Потврдена е и предлог – одлуката на Комисијата за статут и правилници , со која се одбиваат како неосновани барањата за заштита на Правилникот за регистрација, статус и трансфер на фудбалери.

Повеќе можете да прочитате на страната на ФФМ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top