| четврток, 6 декември 2018 |

Земјотрес го потресе Скопје

Пред само неколку минути, поточно во 18:01 часот беше регистриран земјотрес со интензитет од 3 степени според Рихтеровата скала на 16 километри источно од Скопје. Според информациите од Европскиот центар за сеизмологија, епицентарот на земјотресот е  во приградската населба Марино.

Епицентарот на потресот бил на длабочина од пет километри.

Благиот потрес се почувствува во главниот град и околината.

Ова е втор земјотрес што во изминатите два дена се почувствува на територијата на Македонија. Вчера околу 18 часот земјотрес со интензитет од 2,7 степени беше почувствуван во Берово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top