Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 денеска му одреди мерка куќен притвор од 30 дена новинарот Томислав Кежаровски. Се очекува во текот на денот, Кежаровски да биде пуштен од притворот во Шуто Оризари.
Новинарот Томислав Кежаровски е осуден на четири и пол години затвор, бидејќи според пресудата за случајот „Ликвидација“ тој во 2008-тата година во два последователни броеви на ревијата „Репортер 92“ го оддал идентитетот на заштитениот сведок во „Ореше“ .
Според обвинението, по објавувањето на новинарските написи, заштитениот сведок Бреза имал притисоци, па затоа се создало друга ситуација каде сведокот подоцна сам си го открива идентитетот и го менува исказот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.