| четврток, 6 декември 2018 |

Кежаровски на слобода до 18 февруари

Protest Kezarovski 2015 (1) (Custom)Новинарот Томислав Кежаровски утрово излезе од затворот „Скопје“. Затворската казна му се прекинува за еден месец на предлог на директорот на затворот. Кежаровски треба да се врати на доиздржување на казната од три месеци и осум дена на 18 февруари.

Барање за прекин на издржувањето на казната побарал директорот на затворот „Скопје“, а одлуката ја донел директорот на Управата за извршување санкции.

Кежаровски во изјава за „Фокус“ вели дека во решението што го добил било наведено оти е пуштен поради влошена здравствена состојба.

Кежаровски се појави на протестот организиран од новинарите за негова поддршка што точно напладне почна пред Апелацискиот суд во Скопје, а потоа се префрли пред зградата на Владата. Новинарите протестираа против  изречената затворска казна од две години за Кежаровски.

Апелација му ја намали казната на Кежаровски од четири и пол на две години затвор, но новинарските здруженија сметаат дека единствената праведна пресуда е ослободителната бидејќи новинарот нема никаква вина.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top