| четврток, 6 декември 2018 |

Шел не ја презема одговорноста за излевање нафта

„Амнести интернешнел“ ја обвини нафтената компанија „Шел“ дека одбива да преземе одговорност за излевањето нафта во Нигерија, туку дека вината ја префрла врз криминални групи. Англиско-холандскиот нафтен гигант ги отфрли обвинувањата од Меѓународната организација за заштита на човековите права оценувајќи ги како неосновани.

Во извештај на АИ се истакнува дека бројот на излевањето нафта во реонот на Делтата на реката Нигер, во јужниот дел на Нигерија, е исклучително многу. Но, „Шел“, кој има најмногу наоѓалишта во реонот, пријавил само 348 случаи на нафтени излевања од почетокот на минатата година, додека нигериското претставништво на италијанската компанија „Аџип“ пријавил над 1.000 излевања за истиот период.

„Шел“ тврди дека крадци на нафта се виновни за тоа. Според АИ, „Шел“ манипулирал со податоците од истрагите за нафтените излевања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top