| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешен градоначалник на Пехчево осомничен за проневера на 72.000 евра

jovanco stanoevski

Поранешиот градоначалник на општина Пехчево Јованчо Станоевски е осомничен од тамошната полиција дека набаувал стока за општината без тендер и на тој начин им овозможил на снабдувачите да заработат околу 72.000 евра на сметка на општината.

Официјално, МВР јави дека ПС „Берово“ поднесе кривична пријава за Ј.С. (52) од Пехчево, поранешен градоначалник на општина Пехчево, за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

Во текот на 2012 година, спротивно на Законот за јавни набавки, пријавениот во 18 случаи од повеќе правни лица извршил набавка на разновидна стока и услуги (телекомункациски услуги, нафта и нафтени деривати, угостителски услуги, рекламирање, хортикултурно уредување, компјутери и компјутерска опрема и сл.), без притоа да спроведе постапка за јавни набавки. На овој начин, пријавениот им овозможил на фирмите да се здобијат со противправна имотна корист во износ од 4.339.940 денари, на штета на општината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top