| четврток, 6 декември 2018 |

Како Чарли Шин ѝ честиташе роденден на поранешната сопруга

„Среќен роденден, Брук… Пробај да ја дувнеш оваа свеќичка“, со оваа порака и фотографија Чарли Шин ја поздрави својата поранешна сопруга Брук Мјулер. На фотографијата е парче роденденска торта со бомба „кашикара“ поставена над неа.

Чарли и Брук имаат две деца и во моментов се судат за старателството. Брук, која неодамна го напушти центарот за рехабилитација, каде што се одвикнуваше од дрога, изјавила дека се плаши за својата безбедност и дека се сомнева во тоа дека бившиот би можел да ѝ подметне дрога за да го добие старателството.

Неодамна Чарли на неговиот профил на Твитер, по повод судскиот спор напиша, „Добар обид, Брук! Ти си една дебела и забегана жена која ќе го загуби секој обид да се испречи меѓу мене и моите синови!“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top