Деветнаесетгодишно момче од Кавадарци е тешкоповредено во сообраќајна несреќа во Скопје, соопштија од МВР.
Според полицијата, несреќата се случила синоќа на булеварот „Александар Македонски“ кога возило „пежо“ со скопски регистарски таблички управувано од А. С. (31) удрило во пешакот Д. К. (19) од Кавадарци.
Момчето со тешки телесни повреди е згрижено во Ургентниот центар и сѐ уште е во животна опасност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.