Директорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски, денеска информираше за проектот за градба на 104 километри автопат кој ќе се гради од Скопје до Штип и од Кичево до Охрид.
– Заедно со делницата Демир Капија – Смоквица, чија изградба е во тек, автопатската мрежа во Македонија ќе биде зголемена за 132 километри, што е за околу 64 проценти повеќе во однос на сегашната вкупна должина од 262 километри – вели Георгиевски во интервју за МИА.
Автопатот Скопје – Штип ќе биде со должина од 47 километри, а делницата од Кичево до Охрид ќе биде долга 57 километри.
– На делницата Скопје (Миладиновци) – Свети Николе – Штип се предвидени 7 клучки, вкупно 13 надвозници и подвозници и 10 мостови и вијадукти. Делницата Кичево – Охрид, поради потешкиот терен, има повеќе објекти на траса, односно 1 клучка, 19 надвозници и подвозници, вкупно 29 моста и вијадукти, како и тунел кај Пресека, кој со должина од 2 км ќе биде најдолгиот во Република Македонија – појаснува Георгиевски.
Во однос на наплатата на патарините, Георгивски вели дека минатата година Јавното претпријатие за државни патишта ја завршило со поголем приход од наплата на патарината за 8,3 проценти или за 89.286.000 денари повеќе во однос на 2011 година. Во првите девет месеци од годинава приходите од наплатата на патарината се зголемени за 22,1 проценти или повеќе за 189.500.000 денари во однос на првите девет месеци од 2012 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Бојкотирам“ повика на самоодбрана: Ако ви ги блокираат автобусите на патарина, излезете и блокирајте ја патарината во двата правци!
-
Георгиевски: Како тоа Бугарија 25 години молчи на политиката на грчкото монополизирање на името Македонија?
-
Бундестагот даде зелено светло за законот за патарини за странците
-
Георгиевски: Богоевски има мрачна улога во македонската политика, токму тој е пријател и соработник на Кондоминас