| четврток, 6 декември 2018 |

И бремена – Сузана Гавазова на сцена

Најпознатата македонска фолкерка и миленичка на дијаспората, Сузана Гавазова, го очекува нејзиното прво дете. Иако во моментот е во Шведска заедно со нејзиниот сакан Јасмин, таа овој месец се враќа во Македонија за да настапи на првиот телевизиски фестивал во Битола.

Единствениот од ваков вид, „Прв телевизиски фестивал“, по четврти пат ќе се одржи на 25 и на 26 овој месец во Центарот на културата во Битола. Телевизија „Орбис“ и продукцијата „Видеомозаик“ повторно ги собраа најголемите музички имиња од земјата. Новитет годинава е што фестивалот ќе трае две вечери и ќе настапат пејачи од забавната и од фолк- сцената.

Првата вечер со својот настап и видеоспот ќе се претстават Ламбе Алабакоски, Дарко Илиевски, Роберт Билбилов, „Нокаут“, Аделина Тахири, Кристина Арнаудова и уште многу други пејачи кои годинава беа актуелни со нивните хитови.

Ѕвездите од фолк-естрадата ќе настапат втората вечер, а меѓу нив ќе се најде и бремената Сузана Гавазова, Елена Велевска, Благоја Грујовски, Петар Нечовски, Молика Џуниор и уште многу познати пејачи од оваа сцена.

„Прв телевизиски фестивал“ им овозможува на пејачите да го претстават најдоброто од нив и нивната работа. Иако е од ревијален тип, некои од локалните телевизии низ Македонија ќе ги одберат своите фаворити кои ќе добијат симболична награда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top