| четврток, 6 декември 2018 |

Масовна тепачка меѓу кошаркарите на Струмица и Лирија

kk-strumica

фото: Архива

Инцидент, во кој беa исклучени тројца играчи, се случил на натпреварот од 5. коло во кошаркарското првенство на Македонија, меѓу Струмица и Лирија. Во 36. минута од дуелот Зоран Стојанов, кошаркар на Струмица го удрил играчот на Лирија, Бојан Трајковски и заработил техничка.

Но, откако судиите му ја доделиле техничката грешка на Стојанов, Трајковски му се нафрлил на струмичкиот кошаркар со тупаници, по што на паркетот во салата „Парк“ се стрчале сите играчи од двата табора.

Цели 5 минути траел прекинот во кој имало и физичка пресметка меѓу играчите, на крај ситуацијата била ставена под контрола по интервенција на полицијата. Потоа биле исклучени  Стојанов и Грнчаров од Струмица и Трајковски од Лирија. Исто така, биле исклучени и сите играчи од двете клупи, па на теренот до крајот останале тројца на Струмица и четворица на Лирија.

Инаку, мечот заврши со победа на Лирија од 83-67.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top