| четврток, 6 декември 2018 |

Арафат бил отруен со радиоактивен полониум

yasser_arafat

Палестинскиот лидер Јасер Арафат во 2004 година бил отруен со радиоактивен полониум, изјави неговата вдовица Суха откако ги добила резултатите од форензичкото истражување спроведено на институтот за радијациска физика на универзитетот во Лозана, Швајцарија.

– Станува збор за вистинско злосторство, политичко убиство, вели Суха. Експертите во Лозана минатиот ноември извршија ексхумација на телото на Арафат кој е закопан на Западниот брег во Рамалах од каде земале примероци од неговото тело за да се истражат тврдењата за наводното труење.

– Научно е докажано дека не починал од природна смрт и имаме научни докази дека човекот е убиен, пишува во извештајот од патолозите кој бил предаден на адвокатите на вдовицата и за палестински преставници во Женева.

Суха Арафат не обвини ниту една држава или организација, признавајќи дека лидерот на Палестинската ослободителна организација имал многу непријатели.

Сепак, таа потсети дека Израел го именувал како „пречка за мирот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top