Покојниот палестински лидер Јасер Арафат не бил отруен, се заклучува во последната анализа на француските експерти за судска медицина, пренесе ДПА.
Овие заклучоци ги негираат сите досегашни тврдења за труење со плутониум, соопштија од обвинителството во градот Нант.
Анализата на примероците земени од гробот покажуваат дека „изотопите на плутониум-210 и на олово-210 произлегуваат од околната средина“, изјави обвинителката Катрин Денис.
Поранешниот лидер на ПЛО почина во ноември 2004 година, на
75-годишна возраст. Швајцарските научници потоа утврдија зголемени нивоа на плутониум-210 во личната облека на покојниот лидер, што им биле предадени од вдовицата Суха Арафат. Тогаш Швајцарците не дадоа мислење дека имало труење. После две експертизи -француската во 2004 и руската во 2013 година – беше отфрлено тврдењето дека Јасер Арафат бил намерно отруен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.