Европската комисија денеска ги поддржа плановите за одгледување на вид генетски модифицирана пченка, и покрај забелешките на еколошките организации кои тоа го сметаат за опасно. Предлогот на Комисијата за одгледување на пченката 1507 сега треба да го разгледаат и министрите на 28-те земјите членки на Европската унија и конечна одлука би можела да биде донесена веќе следниот месец.
Членките на ЕУ имаат многу спротивставени ставови за одгледувањето на генетски модифицирани организми (ГМО), но во случај ресорните министри од Унијата да не донесат одлука, комисијата има овластување до крајот на годината да одобри продажба и одгледување на новиот вид на ГМО пченка.
Пченката 1507, која е производ на компаниите „Дипонт Пајонир“ и „Дау Кемикал“, е отпорна на инсекти. Компанијата „Дипонт Пајонир“ во 2001 година поднесе барање да се дозволи продажба на семе за оваа пченка во ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.