Миле Кузмановски во неговата кариера ќе запише уште неколку нови дела. Последниве месеци работеше на новото ЦД насловено како „Крал без круна“, кое е направено и со ДВД издание од концертот во 2012 година. „Крал без круна“ е ЦД сплет од нови песни како „Роман“ , „Ако слушаш“, но исто така се запишани и староградски македонски песни. CD/DVD е дупло издание и го издава Сенатор Рекордс.
Миле Кузмановски го сними и спотот за новиот хит „Шприцер“, песна на Александар Митевски. Песната е приказна за животот кој понекогаш е проткаен со среќа, а понекогаш со тага, пораката на песната е насочена кон љубовта, убавите моменти од животот и сето се парафразира со измешаниот пијалок- Шприцер.
Како што и вети на својата публика, концертот за 2014 година е веќе закажан за 14 февруари, Денот на виното и на љубовта, во Универзална Сала во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.