| четврток, 6 декември 2018 |

Вонредна инспекција во сите градинки

gradinka deca gevgelijaДржавниот санитарен и здравствен инспекторат поднесе кривична пријава против градинката „Детска радост“ во општина Гази Баба, а на вчерашната владина седница е одлучено да се направи вонредна инспекција во сите детски градинки која ќе ја извршат Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство, соопшти министерот за здравство Никола Тодоров. Тринаесет деца од градинката „Детска радост“ имаа симпотми на труење, од кои, кај три е утврдено присуство на бактеријата салмонела.
Ваква анализа ќе се направи и во сите основни училишта каде што се служи храна и посебно ќе се испита дали компаниите што ја обезбедуваат храната или кујните каде што се подготвува храната имаат обезбеден ХАЦЦП систем.
– Доколку немаат обезбедено ХАЦЦП систем да се забрани набавување храна од тие компании и да се забрани подготовка на храната во тие кујни кои што немаат имплементирано ХАЦЦП систем и веднаш да се отпочне негова имплементација. На тој начин секогаш ќе бидеме сигурни дека сите детски градинки и сите училишта набавуваат храна која што е подготвена од компании кои се сертифицирани според ХАЦЦП систем. Имаме обврска постојано да го следиме системот и тоа ќе го направиме, рече Тодоров.
Додаде дека очекува тоа да биде завршено до крајот на годинава и во првата половина на јануари идната година ќе имаат детален извештај за состојбата од овој аспект во сите детски градинки и во сите училишта во државата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top