Поради неспортскиот однос на навивачите на „Делиите“, фрлањето на тврди предмети на теренот и употребата на ласерски светла, за време на натпреварот против Панатинаикос, дисциплинската комисија на Евролигата го казни српскиот клуб Црвена звезда со парична казна од 12 000 евра.
Овој пат дисциплинците на УЛЕБ се решија само за парична казна, откако „црвено-белите“ веќе имаа заработено опомена по натпреварот со Локомотив Кубан.
– Она што треба да ги загрижи вистинските навивачи на клубот, е опомената која ја добивме од дисциплинскиот судија дека, доколку и во иднина се повторат вакви и слични неспортски случувања, Црвена звезда ќе биде казнета најмалку со еден, а можеби и повеќе натпревари на домашен терен без присуство на публика, се вели во соопштението објавено на веб страницата на белградскиот клуб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.