Времето утре во Македонија ќе биде претежно сончево. Ќе дува северен ветер кој постепено ќе стивнува, а во попладневните часови ветерот ќе го промени правецот во јужен.
Утринската температура ќе се движи од 2 до 10 Целзиусови степени, а дневната од 18 до 21 степен.
Во Скопје времето ќе биде претежно сончево. Претпладне ветерот ќе дува од северен правец, а попладне ветерот ќе биде со слаб до умерен интензитет од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 5 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 20 степени.
Во наредните денови ќе се задржи претежно стабилно, суво и се уште релативно топло време, со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.