
Од 12 ноември стапуваат во сила новите права за ортопедските и други помагала, објавени во Службен весник на Република Македонија. Измените кои Фондот за здравствено осигурување ги направи се резултат на соработката и барањата на Националниот сојуз на инвалидизирани лица, здруженијата на пациенти, здравствените установи и од осигурениците. ФЗОМ излезе во пресрет на голем број од барањата и направи измени на Правилникот за ортопедски и други помагала.
Ова денеска на прес-конференција го истакна директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева Змејкова која рече дека измените значат поголеми права за осигурениците кои ги користат ортопедските помагала, како и нови трошоци за ФЗОМ во вредност од околу 15 милиони денари годишно.
– Измените се групирани во осум дела: прво новите протези за долни екстремитети-вештачки нозе, право кое досега беше овозможено на секои три години, сега го овозможуваме на секои две години за лица од 18-65 години. Оваа новина е по барање од Националниот сојуз „Мобилност“. Ова право го користат 627 лица, правото до миоелектрична протеза за горен ектрремитет, ќе се оствари на секои две години, односно има скратување од 36 на 24 месеци за деца од 6 до 18 години (по барање на осигуреници и здравствени установи). Ова право воедно е и најсофистицирано, бидејќи станува збор за мобилна вештачка рака, рече Парнарџиева Змејкова.
Се намалува партиципацијата, посочи таа, за надколените и подколените ортози од досегашните 100 денари на минимум законски износ од само 10 денари, а овој бенефит ќе го почувствуваат 1.144 лица годишно.
– Се овозможува и почесто да се менуваат ортопедските чевличиња и за дечиња до 7 години. Ако досега можеле да ги менувале на товар на Фондот еднаш во годината, сега истото можат да го прават два пати во годината. Се скратува рокот и за деца и млади од 7 до 18 години кои наместо еднаш годишно, ова право сега ќе го остваруваат на 9 месеци (по барање од Националниот сојуз „Мобилност“ и осигуреници). Оваа новина е на задоволство на 5.032 лица во просек годишно, потенцира Парнарџиева Змејкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако одите на одмор во странство: ФЗОМ со важно известување до сите граѓани
-
ФЗОМ не сака преку медиумите да комуницира со своите партнери, најавува средба со Здружението на приватни гинеколози
-
Гинеколозите ќе издаваат само упати, а ФЗОМ нека лекува пациентки
-
ФЗОМ ќе ја зголеми квотата за овој месец и вкупниот буџет за лекови


