| четврток, 6 декември 2018 |

Андријана Јаневска во одбрана на Фифи

Позитивни или не, настапот на Фифи предизвика лавина на реакции. Многумина изреволтирани од односот кој Жељко го имаше кон еден од нашите претставници на балканското „Икс фактор“ се дадоа во одбрана на македонскиот трансексуалец. Една од нив е и познатата македонска пејачка и музичар во Македонската Опера и Балет, која на „Фејсбук“ го сподели линкот со настапот на Фифи и напиша

– За да го искажам моето мислење ќе се послужам со еден пост на почитуваниот професор Росоклија: „За да се критикува треба да се разбира, треба да се знае, и треба да се биде позитивен како личност, треба да сакаме нашата критика да го направи критикуваниот подобар, често подобар од нас. Само човек свесен за сопствените вредности, задоволен и сигурен во себе, свесен дека светот е полн и со луѓе кои се подобри од него, поубави, попаметни, посилни, може да разбере, да знае и да даде конструктивно мислење. Character assassination, или напад врз карактерот на личноста, на неспособниот, неквалитетниот, непаметниот, особено што таквиот ќе најде бројни истомисленици, ќе му донесе моментално олеснување од неговата фрустрација предизвикана од соочувањето со квалитетот кој тој го нема. Мислењето има вредност само ако е засновано на аргументи“. Инаку, Фифи според мене одлично отпеа. Нема потреба да навлегуваме во приватниот живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top