| четврток, 6 декември 2018 |

Камионџија гледал порнофилм додека возел и прегазил полицаец (видео)

Возачот на камион Хорхе Еспиноза од Аризона удри три полициски автомобили и две пожарникарски возила, а усмрти еден полицаец бидејќи додека возел гледал порнофилм на неговиот мобилен телефон.

На видеото се гледа како Еспиноза за време на ударот вози со брзина поголема од сто километри на час.

Како што пренесува порталот „7Вести“, камионџијата го усмртил 47-годишниот полицаец Тим Хафман, кој за време на несреќата бил во автомобилот и пишувал извештај. Колегите успеале да го извадат од смачканата кола, но тој починал на самото место.

Несреќата се случила на 6 мај, а записникот е објавен минатата недела и во него пишува дека Еспиноза гледал порнофилмови на неговиот мобилен и објавувал статуси на „Фејсбук“.

Еспиноза се товари за убиство од втор степен, 13 случаи за загрозување на туѓата безбедност и шест случаи за нанесена материјална штета. И покрај снимениот материјал, тој се изјаснил како невин за сите обвиненија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top