| четврток, 6 декември 2018 |

Фотографијата која ги збуни сите

Поради временските услови и доаѓањето на зимата, фонтаната „Воин на коњ“ и оваа година ќе биде покриена за да се заштити од лошите временски услови и од мразот.

Деновиве почнаа подготовките за покривање со темелно чистење на фонтаната.

Иако повеќето медиуми лекомислено ја пренесоа фотовеста на „Република“ за есенското чистење како скандал поради наводното уринирање и сквернавење на споменикот на плоштадот „Македонија“, се работи само за визуелна замка.

Имено, работникот ја чисти фонтаната „Воин на коњ“ со црево и вода, додека останатото е само мајсторија и вештина на нaшиот искусен фотограф кој го улови вистинскиот агол и момент за фотографирање.

Фото: Ѓорги Личовски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top