| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ ѝ се заблагодари на „Фалангата“

Перо Антиќ и Атланта хоукс ноќеска ја забележаа втората победа во четвртиот натпревар од новата сезона во НБА-лигата. Антиќ на неговиот профил на „Твитер“ ѝ се заблагодари на македонската „Фаланга“ која го бодрела за време на натпреварот.

– Голема благодарност до „Фалангата“ што дојде во Сакраменто за да ми даде поддршка! Се гледаме наскоро пак! Фала уште еднаш!

Антиќ имаше солиден ефект во победата на Атланта. Играше 15.33 минути, при што постигна 5 поени, од кои една тројка, а имаше и еден скок.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top