Двајца непознати му понудиле превоз на жител на село Бузалково, Велешко и веднаш потоа го ограбиле под закана.
Вчера околу 15.30 часот, на патниот правец Прилеп – Крушево, во близина на месноста Борова Шума две непознати лица, кои се превезувале со патничко возило „опел кадет“, доброволно го качиле во возилото Д.М. (32) од с. Бузалково, Велешко, со намера да го пренесат до железничка станица во Прилеп. По ова, двете лица со употреба на физичка сила извршиле разбојништво над него одземајќи му 59.000 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.