| четврток, 6 декември 2018 |

Почина новинарката Искра Ефтимова

На 39-годишна возраст по долгогодишно и тешко боледување утрово почина новинарката Искра Ефтимова. Иако краток, нејзиниот професионален живот како новинар од областа на културата и уметноста беше богат, а нејзниот придонес ќе остане забележан некаде низ архивите на печатените и електронските медиуми.

Ефтимова соработуваше во неделникот „Денес“ и во дневниот весник „Македонија денес“, а најдолго како дел од забавната и културната редакција на телевизија „Телма“. Работеше и неколку циклуси ТВ есеи на „Наша ТВ“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top