Новиот фудбалер на Наполи, Гознало Игуаин, рече дека во поранешниот клуб за кого играше, Реал Мадрид, не верувале во него, а тоа било причината за тој да ја промени средината.
Игуаин летоска се пресели во Наполи од Мадрид, каде што играше од 2007 година, а тимот на Наполи мораше да одвои 42 милиони евра за неговите услуги.
– Во Реал имав чувство дека морам секогаш да се докажувам иако давав голови на претходните натпревари. Сѐ е полесно кога имате поддршка од соиграчите и тренерот. Нормално, не ми беше лесно да ја донесам одлуката и да заминам од Реал. Таму одиграв неколку сезони на највисоко ниво, но ми требаше нов предизвик. Сега во Наполи се чувствувам одлично – рече Игуаин.
Аргентинскиот фудбалер во досегашната сезона за Наполи одигра 12 меча и постигна шест гола, а екипата на Наполи го дели второто место со Јувентус на табелата во Серија А.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)