| четврток, 6 декември 2018 |

Саем на турски производи во Скопје

Saem na kniga vo Skopje

На Скопскиот саем од денеска до сабота ќе се одржува 3-от Саем на турски извозни производи што го организира Меѓународната саемска организација „Меридијен“ и Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО).

Во Метрополис арената посетителите ќе имаат можност да ги видат производите на околу 40-тина турски компании од областа на текстилот, козметиката, земјоделството, логистиката, туризмот, градежништвото, образованието… Половина од компаниите веќе се присутни или го имаат истражено пазарот во Македонија, а половината првпат ќе се претстават пред македонските потрошувачи.

Свој штанд ќе имаат и Трговската комора на Ескишекир и Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО).

Саемот ќе биде отворен од 10 до 18 часот, а влезот е слободен. Минатата година саемот го посетиле 8.000 луѓе, а годинава организаторите очекуваат поголема посетеност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top