| четврток, 6 декември 2018 |

Аптеката „Виола“ ја ограбил затвореник на отсуство

Скопската аптека “Виола“, лоцирана на улица Васил Главинов била ограбена од Ф.П.(30) осуденик во Идризово, кој во тоа време имал 4-дневен отпуст. Разбојништвото се случи неколку часа пред Новата година, јави МВР.

МВР информираше дека околу 18,15 часот две машки лица маскирани со капи на главите, едното од нив вооружено со огнено оружје  – пиштол,  преку незаклучената влезна врата влегле во спомената аптека. Притоа, лицето кое во раката носело пиштол дошол до застаклениот пулт и преку отворот од истиот го вперил пиштолот кон вработената со закана и се обратил и удрил со рака во застаклениот пулт притоа кршејќи го стаклото од истиот, дододека другото НН лице стоело до влезната врата. Вработената извадила од фиоката од пултот околу 34.000 денари од дневниот промет и му ги дала на лицето по што истите веднаш го напуштиле  местото на настанот.

По дознавањето за настанот на лице место излегоа полициски службеници од СВР-Скопје, а од страна на  Единицата за истрага на местото на настанот и вештачења при СВР – Скопје, извршен е увид. По превземени оперативни мерки и активности од страна на СВР-Скопје –Одделение за разбојништва и дрски кражби обавен е службен разговор со Ф.П. во кој истиот го признал и појаснил извршувањето на кривичното дело но не сакал да го каже идентитетот на другото НН лице (неговиот соучесник) во извршувањето на делото. По целосно расчистување на кривичното дело и негово документирање од страна на СВР-Скопје ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Инаку Ф.П. во крим.евиденцијата на СВР-Скопје минува за сторени повеќе кривични дела “разбојништво“, “тешка кражба“, “тешка кражба во обид“, “кражба“, “одземање на МВ“, “недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции и прекурзории“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top