На 15-ти ноември е закажан судскиот процес против Кирил Поп Христов-Кили за нелегално одгледување марихуана заедно со неговиот брат во куќа во скопско Визбегово.
Во престојниот период од десет дена адвокатот на Кили ќе ја собира потребната лекарска документација за да го одложи судењето или евентуално да го прекине поради сериозно влошената состојба на актерот кој е во домашен притвор.
Според одбраната Кили треба да подлежи на хируршки зафат, оти во периодов откако му се замени мерката притвор со домашен неговото здравје се влошило.
Кили беше уапсен поради нелегално одгледување стебла со марихуана, а неговиот брат исто така обвинет за ова сеуште не е достапен за полицијата и судот.
На инсистирање на одбраната но и неговото семјство Кили беше пуштен дома до почетокот на судскиот процес против него кој треба да започне за десетина дена.Сега одбраната ќе бара одложување или стопирање на процесот против него а тоа ќе го поткрепи со лекарската документација која ќе покажела дека Кили е во многу лоша здравствена состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


