| четврток, 6 декември 2018 |

Ивановски побара ЗНМ и МАН заеднички да дефинираат што е новинар

Законите за медиуми и за медиумски аудиовизуелни услуги остануваат во статус кво состојба во Парламентот. Најавите дека ДУИ нема да ги поддржи и развојот создаде нова ситуација.

Министерот за информатичко општество, Иво Ивановски истовремено бара, двете новинарски здруженија, МАН и ЗНМ заеднички да изготват дефиниција за тоа што е новинар, која предлагачот на законите ќе ја имплементира.

Истовремено вели Ивановски, со внимание ќе ја следат јавната дебата во Британија и во САД, каде се најавува создавање регулаторно тело за медиумите и дефинирање на терминот новинар

Министерството за информатичко општестѕво, по енколку јавни дебати со засегнатите страни пред летните одмори го достави предлог законите за медиуми и медиумски аудиовизелни услуги до собранието. Тие се уште не се дојдени до пленарна седница.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top