Млад прилепчанец и уште еден од Штип се ограбувачите кои минатиот месец провалиле во 4 цркви во охридско и струшко.
Охридската полиција поднела кривични пријави против Е.Ќ.(18) од Прилеп и Е.И.(19) од Штип, за сторени три дела тешка кражба.
Тие, кражбите ги извршиле во периодот од 10 до 12 минатиот месец во црквите Света Тројца во селото Горенци, Света Недела во Оровник и Свети Никола во Требеништа, при што со употреба на чекан, нож , штрафцигер и физичка сила, насилно ги отварале бравите од влезните врати и влегувале во внатрешноста на црквите. Извршувајќи ги тешките кражби, двајцата се стекнале со противправна имотна корист од околу 1000 денари. Е.Ќ. и Е.И. беа кривично пријавени и за тешка кражба извршена минатиот месец во црквата „Св.Петка во Струга од каде одзеле 600 денари, три бакарни свеќници високи околу 1,3 метри, четири бакарни и три алуминиумски тепсии како и други поситни предмети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



