Два смртни случаи на клиниката во Битола, се регистрирани во последните 24 часа.
Лице од Демир Хисар кое што утрово во четири часот се јавило заради болки во горниот абдомен и гадење, било прегледано и на ургентна медицина испратено за да прими инфузија. Откако состојбата му се подобрила, лицето било пуштено, но по кусо време починало.
Во вториот случај, засега непознато лице за кое нема идентификација, било пронајдено од страна на обезбедувањето на болницата во делот кај трафиките пред болничкиот двор. Откако биле извршени сите клинички процедури, се констатирало дека неговите органи не работат, по што починало.
Битолската болница исклучува можност дека причината за настапувањето на смртта кај двете лица е инфурзија и дека кај двете лица е извршена обдукција. Податоците се во судска медицина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.