Непознат маскиран разбојник, вчера ја ограбил обложувалницата „Бет сити Балкан во трговскиот центар Лептокарија и од касата однел на 2000 евра.
Полицијата јави дека во ПС-Карпош било дека во ТЦ-Лептокарија, во обложувалница “Бет Сити Балкан“ маскиран и вооружен напаѓач, со закана извршил разбојништво врз вработениот С. Н. од Скопје, при што одзел околу 130.000 денари и се оддалечил од местото на настанот.
Пред две години исто така во февруари, оваа обложувалница беше ограбена од 29- годишниот Робет Река од Скопје, водник во АРМ. Со десет илјади евра во џеб, Река усепа да избега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



