| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсени осуммина поради финансиски криминал тежок 3,2 милиони евра

Финансиската полиција  поднесе кривични пријави до Јавното обвинителство за девет лица поради сомнение дека сториле злосторничко здружување, фалсификување или уништување деловни книги, злоупотреба на службена должност, помагање и поттикнување.

Имено, во текот на 2010, 2011 и 2012 година организаторот на групата, пријавениот Р.К. од Битола, сопственик и управител на „Римкос трејд“ ДООЕЛ Битола, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, формирал криминална група која имала задача да испоставува фактури со невестинита содржина и да врши нелегални финасискси трансакции. Целта на криминалната група е да ги прикрие нелегално набавените секундарни суровини – отпад така што преку правните субјекти Маргони, Шане Тон, Виктори Тим, Латерна Трејд, Фриут Трејс и Џоле 2011 циркулираат фактири со невистинита содржина, со кои е прикриено вистинското потекло на секундарните суровини и врз основа на кои организаторот на криминалната група прикажал неоснован поврат на ДДВ и ја намалил обврската за ДДВ, соопштуваат од Финансиската полиција.

Организаторот на Криминаланта група за одреден паричен надомест инволвирал и лице, странски државјанин, без престој во РМ, кој само формално фигурирал како сопственик и управител на правен субјект.

Осумте македонски државјани инволвирани во криминалната група не пријавиле и не уплатиле ДДВ во износ од 172.394.192,00 денари и персонален данок на доход во износ оф 29.238.790,00 денари односно го оштетиле буџетот на РМ во вкупен износ од 201.632.982,00 денари односно околу 3,2 милиони евра.

Финансиската полиција во текот на минатата ноќ извршила апсење на осомничените, при што се лишени од слобода осуммина, додека недостапен за органите е 35-годишниот Д.Т. од Врчин, Србија.

Осуммината уапсени денеска ќе бидат изведени пред Истражен судија од Основниот суд Скопје 1 кој откако ќе ги сослуша ќе одлучи дали ќе им биде одредена мерката притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top