Двата звучни британски весника „Сан“ и „Тајмс“ воопшто не слушнале, ниту се заинтересирани за изјавите и функцијата на Дуња Мијатовиќ, претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите. Весникот„Дневник“ пренесува дека им значи поддршката од медиумите во светот против одлуката на Kамерон да ја контролира нивната работа, но, за жал, немаат поим која е конкретната госпоѓа, која за „репресираните“ македонски новинари е икона, додава „Дневник“.
„Прв пат слушаме за таа личност!“- го пренесува „Дневник“ одговорот на портпаролот на британската медиумска групација чија сопственост се весниците „Сан“ и „Тајмс“ на прашање адресирано до неколку влијателни весници: „Дали ја знаат или некогаш слушнале за Дуња Мијатовиќ?“ Дури и побарале да им се објасни која е жената и зошто бараме изјава.
Ниту еден весник или друг медиум во Велика Британија не ја пренесе нејзината порака по повод последните настани во земја.
Во последното соопштение-изјава која се однесува на воведувањето регулација за британскиот печат нагласува дека „политичарите не треба да им кажуваат на новинарите како да дејствуваат и оти самоконтролата на новинарите, а не владината е најдобриот начин да се сфатат етичките проблеми во печатот“. Ниту во едно соопштение не стои одговор на прашањето дали Мијатовиќ има намера да се сретне со Kамерон и како претставник на ОБСЕ да се обиде да ги заштити британските новинари.
„Дневник“ упатил директни прашања до Мијатовиќ:
-Дали г-ѓа Мијатовиќ има намера да го посети Обединетото Kралство, да се сретне со премиерот Дејвид Kамерон или со други владини претставници и отворено да разговара дека со формирање регулаторно тело за мониторинг на печатените медиуми се врши притисок врс слободата на новинарското перо?
-Kои конкретни мерки ќе ги преземе за заштита на британските новинари од владина контрола?
-Нејзиниот став е јасен и дециден кога станува збор за слободата на изразување во Македонија, колку може да влијае врз состојбата во Велика Британија за истото прашање?
Весникот не добил одговор, а од нејзината канцеларија во седиштето на ОБСЕ во Виена, било посочено „одговорите да се побараат низ веќе дадените изјави и соопштенија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.