| четврток, 6 декември 2018 |

Ракетите од Хјустон атерираа во Лос Анџелес

Кошаркарите на Лос Анџелес клиперс забележаа убедлива победа во вистински фестивал од кошеви на дуелот против Хјустон рокетс. Вкупно имаше 255 поени, а домаќините постигнаа 138 и примија 117. Клиперс го урнаа клупскиот рекорд со 78 поени до полувремето, а ги предводеше извонредниот Ол-стар бек Крис Пол со 23 поени и 17 асистенции. Џамал Крафорд уфрли 21 поен, додека кај поразениот Омри Каспи беше најефикасен со 19 поени. Двајт Хауард во кам-бекот во Лос Анџелес, постигна само 13 поени со 9 скока. Најдоминантиот центар во НБА, лани беше член на лутиот ривал на Клиперси, Лос Анџелес лејкерс.

Прв пораз доживеа Филаделфија и тоа убедлив со 20 поени разлика од Голден Стејт вориорс. Гостите славеа со 110-90. Проблемни немаше и Мемфис против Бостон во меч што заврши со победа на Гризлис од 95-88. Најнеизвесно беше во Кливленд, каде домаќините славеа со 93-92 против Минесота. Гостите влегоа во последниот период со негатива од 15 поени, ја добија завршната четвртина со 31-17, но им недостасуваше само еден кош за целосен пресврт и победа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top