| четврток, 6 декември 2018 |

Шефот на Турската на дипломатијата остро го нападна Советот за Безбедност

 

Министерот за надворешни работи на Турција Ахмед Давутоглу го обвини Советот за безбедност на Обединетите Нацииза неефикасност и неодговорност  за однесувањето кон Сирија.

„Симболите и однесувањето од студената војна го нема веќе на Балканот и на Блискиот Исток , студената војна се присутни само во Советот за безбедност“, изјави Давутоглу денеска.

„Зошто две години нема резолуција за состојбата во оваа земја во која досега загинаа 60,000 луѓе а редовно се усвојуваат резолуции за блокирање на пари на одредени држави“, запраша Давутоглу во своето емотивно обраќање до панелот на Минхенската безбедносна конференција на кој учествува и Американскиот сенатор Меккејн, кој беше кандидат за претседател на САД на изборите пред првиот мандат на Обама.

Турскиот шеф на дипломатијата побара да не се прави истата грешка каква што ОН ја направи во деведесеттите години од минатиот век кога поради бавноста на светската организација и лошата координација меѓу постојани петте членови на Советот за безбедност (САД, Русија, Кина, Франција и Британија) во Босна загина стотици илјади луѓе а речиси два милиони  беа раселени.

Кога ги гледам сликите од Алепо ми доаѓаат солзи на очите. Турција прави се што може да го запре страдањето во Сирија но без поддршка од меѓународната заедница и Советот за безбедност таа мисија е многу тешка , порача  Давутоглу денеска во Минхен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top