| четврток, 6 декември 2018 |

Опозицијата денес еден час со автомобили ќе го блокира Скопје

sdsm

Сојузот за иднината за нешто помалку од еден час го започнува првиот протестен караван, кој со автомобили ќе се движи по одредена маршута.

Како што соопштија, колоната автомобили ќе тргне од пред салата „Јане Сандански“ и ќе се движи накај Ново Лисиче, од каде ќе се приклучи на булеварот „Јане Сандански“ и ќе продолжи во насока на Народна банка на Македонија.

Караванот продолжува покрај „Црвен крст“ и врти во насока на Собранието на РМ.

Оттука се продолжува покрај училиштето „Јосип Броз – Тито“ право кон булеварот „Теодосије Гологанов“, од каде колоната ќе продолжи се до „Порта Влае“.

Од „Порта Влае“, караванот се приклучува на „Партизанска“ и продолжува до Соборниот храм, каде се врти во насока на Владата на РМ.

Пред Владата на Република Македонија изјава за медиуми ќе даде секретарот на СДСМ, Андреј Петров, околу 12:30 часот, зависно од времето на пристигнување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top