| четврток, 6 декември 2018 |

Експлодирал мопед во Ново Лисиче

Според првичните информации од скопската полицијата и противпожарната бригада, околу 20.40 часот, на првиот кат од зградата број 41 на булеварот Видое Смилевски Бато во скопската населба Ново Лисиче се запалил мопед.

За брзо време мопедот експлодирал, а од запалените гуми се зачадиле ходниците во зградата. Станарите веднаш ги алармирале полицијата, пожарната и Итната помош. За среќа, нема повредени, а од сведоците на настанот, како што дознаваме, постарите станари биле вознемирени.

Додека траела интервенцијата на пожарникарите, околу зградата се насобрала голема група на граѓани од соседните згради, кои ја слушнале силната детонација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top