САД се подготвени за отпочнување дирекни преговори со Иран во врска со иранската нуклеарна програма, изјави во Минхен американскиот потпретседател Џо Бајден.
„Сепак Техеран треба да покаже дека има сериозни намери, бидејќи во спротивно САД нема да прифатат вакви преговори само за да преговарат“, рече Бајден од Меѓународната конференција за безбедност што се одржува во главниот град на Баварија.
САД во неколку наврати нагласуваа дека се подготвени на дирекни преговори со Иран, но до нив досега не дојде. При досегашните преговори меѓу меѓународната „шесторка“, што ја сочинуваат петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН плус Германија, и властите во Техеран беше постигнат само мал напредок.
Од друга страна, како мерка за притисок врз Иран поради неговата нуклеарна програма, западните земји воведоа санкции кон Техеран со што го ограничија извозот на иранска нафта и финансиските трансакции на земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



