Според официјалните мерења на Министерството за животна средина и просторно планирање, загаденоста на воздухот во Скопје веќе неколку дена е над дозволеното.
Во Гази Баба, Аеродром, Центар и Карпош е измерена вредност од над 180 микрометри на
кубен метар, што е неколку пати над дозволеното, кое изнесува 50 микрометри.
ПМ10 се мали вдишливи честички кои се едни од најштетните загадувачки супстанции во
воздухот. Суспендираните честички со дијаметар помал од 10 микрометри (ПМ10) може да
продрат длабоко во респираторниот систем на луѓето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.