| четврток, 6 декември 2018 |

Исламисти целат кон Меркел

merkel

Германски исламисти се заканиле дека за време на летото ќе извршат напади во Берлин и дека ќе ја убијат кацеларката Ангела Меркел, потврдил портпаролот на германската разузнавачка служба.

„Ова е исламистичка борбена песна. Таа им е позната на службите за безбедност и ќе биде темелно проучена“, изјавил портпаролот за Ројтерс.

Германскиот весник Велт објавил дека триминутната видео порака на Интернет ја постирал германски исламист кој себеси се нарекува Абу Азам. Се верува дека е радикален салафист, кој минатата година се преселил од Египет во Германија.

„Додека се сеќаваме на арапската пролет, едвај го чекаме европското лето. Осама, чекај нѐ. Сакаме да ги видиме Обама и Меркел мртви“, вели мажот на снимката и додава дека зградата на германскиот парламент ќе биде цел на напади токму како зградата на Светскиот трговски центар во Њујорк во 2011 година.

Германските власти во меѓувреме ја засилиле контролата врз салафистичките групи, кои радикално го толкуваат исламот. Во Германија живеат околу 4.000 салафисти, додека вкупната муслиманска популација брои околу 4 милиони.

Учеството на Германија во мисијата на НАТО во Авганистан и испраќањето на воени транспортни авиони како помош на француските и африканските сили во Мали во борбата против исламистите се можните причини за страв од терористички напади, потсетува Ројтерс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top