| четврток, 6 декември 2018 |

Памела од болки не може да стане од кревет

Убавицата Памела Андерсон го истрча маратонот од 42 километри во Њујорк.

На неа ѝ беа потребни шест часа за да го заврши маратонот, а потоа, како што вели, легнала во кревет и сега не може да стане од болки.

pamela maraton1

Памела ја истрча патеката која е премногу и за професионалци, но таа вели дека не можела да се откаже бидејќи трчала за хуманитарни цели. Фотографијата, на која лежи в кревет, а на нозете има кеси со мраз, ја објави на „Твитер“.

pamela maraton12

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top